И Баварците тргнуваат по потписот на Кансело

Точка

03/07/2019

16:30

723

Големина на фонт

а а а

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Баварците ќе се обидат во летниот преоден рок да го ангажираат десниот бек на Јувентус, Жоао Кансело.

Португалецот веќе подолго време е на мета на Манчестер Сити, меѓутоа „Граѓаните“ се уште не можат да се договорат со Јувентус околу висината на обесштетувањето. Сега, во трката по потписот на Кансело се вклучува и Баерн Минхен.

Наводно Баварците веќе го контактирале агентот на Кансело, Жорге Мендеш и наскоро треба да биде испратена првата понуда до Јувентус.

Инаку, од Јувентус немаат намера да го продадат својот фудбалер за сума помала од 60 милиони евра, па останува да видиме кој ќе победи во битката за неговиот потпис.



Спонзорирани линкови

Маркетинг