Фоден за својот омилен играч од Реал: Никогаш немам видено нешто слично

Дерби

25/04/2024

12:42

2.359

Големина на фонт

а а а

Фил Фоден е еден од играчите кои треба да ја водат Англија кон успех на Европското првенство во Германија, но младата ѕвезда на Манчестер Сити смета дека поклучен фактор од него ќе биде Џуд Белингам.

Фоден ја загуби четвртфиналната битка со својот пријател од репрезентацијата и мораше да му честита за победата на Реал, а бидејќи тој е играчот кој е негов омилен од „кралскиот клуб“, не штедеше комплименти кога дојде на ред да ги коментира неговите квалитети.

Фудбалерот на Сити остана без многу текст кога требаше да го опишува фантастичниот играч на Реал, за кој вели дека е нешто што досега не го видел во светскиот фудбал.

– Сметам дека Џуд има дар од Бог кога се физичките предиспозиции во прашање. Треба да бидеме искрени, со него имаме шанси да се бориме за Европското првенство.

– Треба да биде во најдобра форма за да се бориме за титулата. Никгаш немам видено нешто слично, никогаш не сум видел толку зрел и смирен играч на негова возраст, – вели Фоден.



Спонзорирани линкови

Маркетинг