Реал Мадрид веќе има посакувана предност во серијата против Басконија во плејофот на Евролигата, откако на вчерашниот натпревар успеа вторпат по ред да го совлада шпанскиот ривал во четвртфиналната рунда.
Домаќините не направија грешка пред своите фанови, а она што може да се издвои е настапот без поени на Џанан Муса и исклучувањето на Марио Хезоња.
Хрватот постигна 7 поени, но мораше порано да замине во соблекувална откако заработи две технички грешки поради жестоките протести кон судиите.
Хезоња влезе во дуел со словенечкиот судија Саша Пукл, а на истиот му испрати и сочни пцовки кои сигурно се разбрани и наведени во извештајот, со што играчот на Реал може да очекува и казна од Евролигата.
Expulsion de Mario Hezonja qui a probablement donné des nouvelles du pays aux arbitres ! #EveryGameMatters #SkweekLive pic.twitter.com/8hR3oe8M5K
— The Upset Media (@TheUpset_media) April 25, 2024