Позирала за насловната страница со неизбричени пазуви: Новата фотографија на пејачката предизвикала лавина од коментари

Точка

24/06/2019

17:34

3.413

Големина на фонт

а а а

Халси ги изненадила своите фанови со фотографија за насловната страница на најновиот број на култниот магазин “Rolling Stone” каде во прв план биле нејзините неизбричени пазуви.

Насловната со видливите влакненца предизвикала бурни реакции во јавноста и поделени мислења, а Халси добила огромна поддршка од другите славни дами. 

“На оваа фотографија има толку добри работи што не знам од каде би почнала”, коментирала Деми Ловато, додека пејачката Зара Ларсон на Твитер го изразила своето воодушевување од фактот дека “Rolling Stone” не ги фотошопирал нејзините пазуви, што е вообичаена пракса во магазините.

Ова не е првпат пејачката да ги покаже своите неизбричени пазуви во јавноста. Таа минатата година на Твитер објавила низа селфија на кои некои фанови ги коментирале токму влакненцата под пазувите, а еден особено ја изнервирал.

“Што е тоа?!”, напишал еден нејзин следбеник на Твитер и додал стикер на нејзината фотографија, точно под пазувот.

“Тоа е пазув со стикер над него. Не сум сигурна што уште би требало да објаснам?”, му одговорила Халси и покажала дека знае како да се справува со критиките, но и дека не се грижи за наметнатите стандарди за убавина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг