Некогаш била најпосветена членка на Скиентолошката црква, а потоа била принудена да побегне криејќи се во багажник

Точка

20/06/2019

20:04

3.987

Големина на фонт

а а а

Поранешната членка на Скиентолошката црква поднела тужба против Меѓународната црква на Скиентологијата и нејзиниот лидер поради злоставување на деца, трговија со луѓе и принудна работа против неа и другите членови кои ја напуштиле црквата. Адвокатот на неименуваната жена вели дека ова е една од повеќето тужби против Скиентолошката црква.

Во тужбата се бара неодредена општа, посебна и компензациска отштета, како и неисплатена заработка од црквата, нејзиниот Религиозен технолошки центар и лидерот Дејвид Мискевиџ и уште 25 неименувани лица. Меѓу наводите во тужбата има и клевета, загрозување на приватноста и намерно придизвикување на емотивен стрес, а се бара и двојна или тројна отштета за прекршените закони за трговија со луѓе. 

Жената која ја тужи Црквата рекла дека е воспитана во неа од раѓање и дека на 15 години станала личен помошник на Мискевиџ, чија официјална титула е претседател на Религиозниот технолошки центар. Црквата го опишува Мискевиџ како "црковен лидер на скиентолошката религија", која во 1952-ра година ја основал писателот на научна фантастика, Рон Хабард.

Неименуваната жена навела дека се приклучила во Морската организација, здружение на најпосветени членови на црквата кои потпишуваат договор со квазипоморската група на милијарда години. Таа се преместила во Златната база на Црквата во Сан Хасинто во Калифорнија, каде минала околу 12 години, до 2015-та, кога ја отстраниле од местото помошник на лидерот бидејќи знаела премногу за брачните проблеми на Мискевиџ.

Протерана била во Лос Анџелес да работи на публицитетот на црквата, а побегнала кон крајот на 2016-та година во багажник на автомобил на актер кој не е член на Црквата, а со кој требала да направи промотивни снимки. Скиентолозите активно регрутираат славни личности, потсетува "Sky News". Откако побегнала, неименуваната жена отишла да работи за актерот Ли Ремини, поранешен скиентолог, кој во документарен филм зборува за злоставувањето во црквата.

Брајан Кент, адвокат на жената, вели дека црквата со децении прикривала физичко, емотивно и сексуално злоставување на своите членови, вклучувајќи ги и најранливите - децата.

"Ова е само почеток и нема да застанеме додека не застанат тие", рекол Кент.

Адвокатот на Скиентолошката црква најавил дека оваа институција енергично ќе се брани од овие неосновани обвиненија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг