„Sky Corner“ Хотел и Скај-бар: Нова дефиниција за доброто живеење

Точка

20/06/2019

06:04

15.841

Големина на фонт

а а а

Вкоренет во срцето на градот, со незаборавната панорама на Охридското Езеро и со впечатливата охридска архитектура во зеницата на секој гостин, со исклучителна понуда за разгалување на сите сетила, хотел и скај-бар Sky Corner неуморно го редефинира поимот на добро живеење.

По само неколку месеци од свеченото отворање, Sky Corner прерасна во најимпозантен креатор на модерни трендови во полето на хотелиерството и угостителството и веќе силно доминира на локалната туристичка сцена.


Локацијата е онаа која прва говори за третманот кој секој гостин го добива. Со премин на една улица, посетителите се на почетокот на охридската чаршија и пред нив се исправува милениумскиот чинар. Веќе со следниот чекор, се навлегува во виорот на безбројните чаршиски дуќани кои го чуваат духот на занаетчиството, а воедно го покажуваат патот кон охридската езерска променада, кон стариот дел од градот и кон сите знаменитости кои го прават градот Охрид препознатлив и уникатен. Сето тоа, на помалку од пет минути пешачење.


Sky Corner го заробува вниманието уште на самиот влез, каде искуството на гостување започнува со слаткарница во француски стил. Слатките деликатеси, произлезени од рацете на докажани мајстори и изготвени од ексклузивно белгиско чоколадо, не само што се визуелано стимулативни, туку и неодоливо го најавуваат гурманското доживување во локалот. Уште повеќе, тука може да се ужива во тобако делот кој е особено интересен за љубителите на пури, како и во огромната палета на селектирани флаширани вина.


Потоа, се продолжува кон сместувачкиот дел од хотел Sky Corner кој се состои од 17 луксузни и модерни соби, креирани на принципот на мини-хотел. Секоја со уникатен поглед, современ дизајн и опрема која ги задоволува сите потреби на гостите. На гостите им е овозможено и да добијат повеќе видови професионална масажа и третмани за разубавување како дел од понудата на хотелот и неговиот салон за убавина.


На четвртиот кат е сместен ресторанот Sky Corner. Со комфорен, но сепак ултра-модерен ентериер, ресторанот го најавува искуството на извонредната кујна. Функиционирајќи на принципот на fine-dining, ресторанот Sky Corner нуди специјалитети подготвени од врвни готвачи кои се обучувани од мастер-готвач со работно искуство во подготвување храна за ресторани со „Мишелин ѕвезди“ во Париз.


Специјалитетите се состојат од избрани состојки, невообичаени за македонското ресторантско искуство. Начинот на подготовка и презентација на храната и комбинацијата на вкусови вчудоневидува и изненадува, но, уште првиот залак предизвикува будење на сетилата и неизбежна насмевка и воодушевување.


Конечно, над ресторанот се простира и руф-топ барот, каде забавата добива полн лик. Со редовни бенд-свирки и настапи на актуелни диџеи, со натпревари помеѓу бармени кои прават шоу во живо при подготовката на специјално-рецептирани коктели, со феноменалните осветлувачки ефекти и со стаклената фасада и тераса која нуди поглед од височина кон градот и езерото, руф-топ барот Sky Corner прави Охрид да пулсира во ритамот на одлично организираните забави и да држи чекор со сите светски метрополи.

Кога си во Охрид, мора да си во Sky Corner. Квалитетот не се пропушта.

Локација: Бул. „Македонски Просветители“ бр.1, Охрид.
Контакт и резервации: reservations@skycorner.mk  тел:  +389 71 331 607






Спонзорирани линкови

Маркетинг