Еурофарм Работник уште се засилува – Мартин Велковски е нов „фармацевт“

Макфакс

17/06/2019

14:49

1.217

Големина на фонт

а а а

Битолскиот ракометен клуб Еурофарм Работник продолжува со засилувањето за следната ракометна сезона.

Второпласираниот тим во домашното првенство денеска потпиша четиригодишен договор со репрезентативецот, десниот бек Мартин Велковски.

Велковски доаѓа во Битола од скопски Металург, и тој заедно со Митревски, Маџовски и Ратајац ќе биде четвртото сезонско засилување за „фармацевтите“.

Велковски има искуство во Лигата на шампионите и во СЕХА лигата, а конкуренција за стратниот состав на Еурофарм ќе му бидат Стјепановиќ и Михајло Петровски.

Од Еурофарм Работник информираат дека планираат уште неколку засилувања.



Спонзорирани линкови

Маркетинг