Нема личност која овие денови не се жали на зголемениот број на комарци во воздухот, но и на касањето на овие инсекти.
Причина за тоа е топлото време, кое долго го чекавме и му се радувавме, но долгиот период на дождови придонел за создавање на идеални услови за живот и размножување на овие здодевни крвопијци.
Борбата со комарците станала секојдневие, посебно во подрачјата во близина на водени површини.
Има различни начини за борба против овие инсекти. Од оние кои ни се нудат во продавниците, во вид на спрејови и таблети, па се до добро познатите природни начини, како босилек и лаванда.
Еве некои предлози како да си помогнете и да се одбраните од комарците.
Најдобар начин да ги избегнете е да ја испразните водата од вашиот двор или тераса, бидејќи таа најмногу ги привлекува.
Избегнувајте претерано користење на дезодоранс, средства против потење, како и парфеми, бидејќи некои мириси посебно ги привлекуваат комарците.
Кога излегувате надвор носете посветла облека. Темната боја повеќе ги привлекува комарците.
Намалете ја количината на шеќер во исхраната. Луѓето кои внесуваат многу шеќери се честа мета на комарци.
Мирисите на некои билки посебно ги одбиваат комарците. Така нанесете мирис од лаванда на местата каде пулсот е најсилен.
Во дворот засадете босилек. Комарците не го поднесуваат неговиот мирис.
Јаболковиот оцет е исто така ефикасен во одбрана од комарците.
И краставицата може да биде добра одбрана од овие инсекти. Излупете ја, исецкајте ја и замрзнете ја, па таа смеса нанесете ја на вашата кожа.
Мирисите од масло од еукалиптус, кедерово масло, гераниум и масло од јојоба исто така се покажале како добро оружје против комарците.
На местото од убодот можете да нанесете и сок од кисело овошје, по што набрзо ќе почувствувате олеснување.