Шарлиз Терон својот син го одгледува како ќерка: „Ми рече дека тој не бил момче“

Точка

19/04/2019

13:54

5.310

Големина на фонт

а а а

Шарлиз Терон кажа дека својот син го одгледува како ќерка. Холивудската ѕвезда кажува како нејзиниот седумгодишен син Џексон, едно од нејзините две посвоени деца, кога имал три години и рекол: „Јас не сум момче“.

„Да, и јас мислев дека е момче. Додека не ме погледна кога имаше три години и не ми рече: Јас не сум момче!“, кажа актерката.

„Ете имам две прекрасни ќерки, кои како и секој родител сакам да ги заштитам и да ги гледам како напредуваат.“


„Мојата работа како родител е да ги сакам и да се погрижам да имаат сè што им треба за да бидат она што сакаат да бидат. И ќе направам сè што е во моја моќ, моите деца да го имаат тоа право и да бидат заштитени“, додаде таа.

Шарлиз Терон го посвои Џексон во 2012-та година додека пак другата ќерка, Аугуст, ја посвои три години подоцна.


Ова не е првпат актерката да ги споменува двете ќерки. Во текот на предоскаровскиот настан, минатата година, му кажала на Мајкл Б. Џордан дека има „две млади и прекрасни афроамерикански ќерки.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk