Модерните домаќинки се воодушевени од јапонската шибори техника! Велигденската трпеза има нова ѕвезда: Тродимензионалните шари се хит!

Кармин

15/04/2019

10:02

3.388

Големина на фонт

а а а

Оригиналната јапонска шибори техника, со која инаку се фарба ткаенина, стана поинаква, но и многу едноставна техника за фарбање Велигденски јајца.

Повеќе не ни се потребни четки, ниту специјални бои - трикот се крие во користење на конец, хартија и ластичиња за тегла.


Потребни ви се:

- Омилената боја за јајца;
- Оцет;
- Хартија (филтер) за кафе;
- Ластичиња од тегли;
- Стаклен сад;
- Ножици;
- Шприц. 

Постапка:

Секое јајце обмотајте го со филтерот за кафе, а врвот на хартијата врзете го со ластиче. Преку хартијата обмотајте го јајцето со ластиче или конец, во зависност од тоа каква шара сакате да добиете. Ќе добиете покрупни шари ако јајцето го обмотате со ластиче, а потенки и понежни линии ќе направи конецот.


Подгответе ја вашата омилена боја според упатството на пакувањето, а потоа добиената фарба истурете ја во шприц. Со шприцот постепено истурајте ја бојата по деловите на јајцето помеѓу конецот или ластичето. Кога цела хартија ќе биде покриена со боја, оставете го јајцето еден час да се исуши.


Тргнете ги ластичињата и одмотајте го јајцето од хартијата, премачкајте го со масло и ставете го на посебно место во велигденската корпа. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk