Обожавателите ја исмеале популарната пејачка: “Замислете да имате скара на дланката”

Точка

30/01/2019

17:40

5.311

Големина на фонт

а а а

25-годишната пејачка Аријана Гранде истетовирала фраза на раката, но на јапонски јазик и со тоа станала мета на исмејување на социјалните мрежи.

Таа сакала да напише “седум прстени”, а тетоважата всушност значи “скара”. 


Фотографијата од тетоважата, Аријана ја објавила на Инстаграм, а кога обожавателите почнале да ѝ се потсмеваат, таа ја избришала објавата. Но, некои успеале да ја зачуваат фотографијата и го прошириле ваквиот трач и на Твитер.

“Тоа се случува кога луѓето користат Гугл пребарувач пред да одат да се тетовираат”, коментирале корисниците на Твитер. Тие ѝ предложиле да истражи што значи зборот “shichirin” кој Гранде го истетовирала на дланката.

“Замислете да имате скара на дланката”, напишал еден корисник додека останатите коментирале дека некој на светот не мора да го замислува тоа.

Аријана набрзо станала свесна за ваквите шеги на социјалните мрежи, па им одговорила:

“Јас сум голем обожавател на малите скари. Исто така, го изоставив знакот кој требаше да стои измеѓу бидејќи многу ме болеше, но сепак изгледа убаво. Не би издржала уште еден симбол”, се оправдала Гранде.


Сепак, бројни обожаватели застанале во одбрана на пејачката, велејќи дека “таа не е глупава”, дека течно зборува јапонски јазик и дека токму тоа сакала да го истетовира.