Планирал со ракета да ја разнесе Белата куќа: Уапсен екстремистот кој сакал со антитенковски проектил и експлозив да ја нападне и Статуата на слободата!

Точка

17/01/2019

18:14

2.087

Големина на фонт

а а а

Маж од Џорџија, кој го заменил својот автомобил со ракета и експлозив со намера да ја нападне Белата куќа, бил уапсен во средата, соопштија денеска американските власти.

Хашер Џалал Тахеб (21) од Каминг е уапсен во средата во операција на ФБИ и е обвинет за обид за нанесување штета и уништување на Белата куќа со отворање оган или користење експлозиви, рекол американскиот јавен обвинител Би-Џеј Пак, пренесува „АР“.

ФБИ организирало пресретнување, откако локалната агенција за спроведување на закони во март соопштила дека добила дојава од неидентификувано лице кое рекло дека Тахеб се радикализирал, го променил презимето и дека планира да патува во странство, наведено е во писмената изјава на агент од ФБИ до судот.

Тахеб на тој агент, кој тогаш бил цивил и за кого не знаел дека работи за ФБИ, му рекол дека никогаш не пукал со пиштол, но дека лесно би можел тоа да го научи, а навел и дека гледал видео снимки за тоа како експлодираат гранати, наведуваат американските власти.

Во изјавата стои дека Тахеб му рекол на неименуваниот извор од ФБИ, не знаејќи во која служба работи, дека во октомври планира да патува во странство, заради „хиџра“, а агентот кој ја дал изјавата објаснил дека тоа се однесува на патување на територијата која е контролирана од страна на исламските држави.


Бидејќи немал пасош, не можел да патува, а изворот од ФБИ рекол дека сакал да изведе напад во САД - во Белата куќа и да ја нападне Статуата на слободата.

Минатиот месец неколкупати се сретнал со тајниот агент и извор на ФБИ, а често бил во контакт со него и преку шифрирана апликација за праќање пораки, се наведува во изјавата на агентот доставена до судот.

За време на еден состанок, осомничениот на тајниот агент му покажал рачно цртан дијаграм од приземјето на западното крило на Белата куќа и детален план за напад, а од агентот барал и да му набави оружје и експлозиви кои му биле потребни за да го изведе нападот, па разговарале за продажба или размена на автомобилот, за да го плати оружјето.

Тахеб рекол дека му треба „база“ од која можат да се прегрупираат и од каде би можел да направи видео снимка за да ги мотивира луѓето.

„Рече дека сака да биде наратор, ќе бидат прикажани снимки на кои се гледаат потплатени муслимани додека американските и израелските знамиња би гореле во позадина“, се наведува во изјавата на агентот.

Минатата недела Тахеб му рекол на тајниот агент дека сака оваа недела да го набави оружјето и директно да замине во Вашингтон за да го изведе нападот, соопштиле истражителите. Вчеравечер се сретнал со извор од ФБИ и тајниот агент, за да го замени автомобилот за оружјето при што бил уапсен. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг