На Меган ѝ "излета" од уста најтајниот податок за нејзиното породување

Кармин

14/01/2019

15:33

2.924

Големина на фонт

а а а

Иако кралската палата досега одбиваше да го открие приближниот датум за раѓањето на детето на Хари и Меган, средбата со локалното население во Биркенхед толку ја разнежни војвотката од Сасекс што ѝ излета од уста датумот за породување.

Меган попатно откри дека е бремена веќе шест месеци, па ѝ излета дека таа треба да се породи во април додека локалното население на Биркенхед ѝ посака сѐ најдобро. 


За првата обврска за оваа година, која ја одработи со Хари, 37 годишната Меган облекла црвен капут и виолетов фустан.

Досега се шпекулираше дека бебето треба да пристигне во март оваа година. Но, експертите според големината на нејзиниот стомак пресметале дека тоа е најточниот термин за раѓање на кралското бебе. Многумина исто така забележаа дека во последно време Меган не ја носи стандардната фризура, туку дека практикува неуредна пунџа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk