Славната глумица со својата ќерка и мајка позираше за насловната на Vogue: "Мојот живот не беше секогаш совршен"

Кармин

11/01/2019

12:03

1.628

Големина на фонт

а а а

Рис Витерспун во јавноста е позната како одлична глумица, активистка, паметна и деловна жена, вредна неверојатни 120 милиони долари. Но, за нејзиното семејство таа е ќерката на Бети и мајката на трите деца, 19 годишната Ава Филипе, 15 годишниот Декон Филипе и 6 годишниот Тенеси Тот.

За февруарското издание на магазинот Вог, Оскаровката позираше заедно со својата ќерка и мајка и раскажа за својот приватен живот. Витерспун инаку е порасната во Нешвил, нејзината мајка била медицинска сестра, татко ѝ доктор. 

"Во одделот на мојата мајка работеа само две жени и сè правеа одеднаш и менуваа пелени и ги хранеа бебињата. Покрај тоа бебињата постојано плачеа. Ѝ се восхитував на мојата мајка. Секогаш имаше позитивен став, секогаш се смееше, се шегуваше и имаше многу пријатели на работа", рекла Рис за својата мајка.


Но, и покрај убавиот живот кој Рис го имала, тој не секогаш бил совршен.

Медиумите пренесуваа како нејзиниот татко имал огромни проблеми со алкохолизмот и финансиите. Но, за тој период од животот Рис не сакала да зборува, истакнувајќи дека нејзината животна приказна е многу потешка отколку што знае јавноста.


"Постојат причини поради кои сум толку страствена за работата. Сакам сама да ги заработам парите. Имам многу пријатели кои стравуваат да направат било што во животот, бидејќи зависеле финансиски од некој", рекла Витерспун и додаде дека еден ден ќе напише книга за својот живот и проблемите со кои се соочила.


Витерспун станала мајка на 23 години кога била омажена за Рајан Филипе. Само една година после тоа започнала да снима филмови. После 4 години парот го доби и синот Декон Филипе, но после 8 години брак Рис се разведе од Филипе.


Денес е среќно омажена за Џим Тот, има уште еден син и долга листа на успеси. Таа исто така ја основала и својата продуцентска куќа Hello Sunshine. Оствари бројни улоги во ТВ серии и филмови, а треба да се појави и во втората сезона на Big Little Lies и The Morning Show.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk