Ова го може само Трамп: Американскиот претседател се премисли - армијата тргнува во воена акција во Сирија!

Точка

11/01/2019

09:30

3.653

Големина на фонт

а а а

Американскиот државен секретар Мајк Помпео, изјави дека претседателот на САД, Доналд Трамп би можел да нареди нова акција на американските сили во Сирија.

Оваа одлука на американскиот претседател доаѓа кога САД се подготвуваат за повлекување на своите сили од Сирија, за кои што Помпео тврди дека ќе продолжат и покрај големите критики. Тој додаде дека САД ќе ја повлечат армијата, но ќе продолжат да делуваат против ИСИС.

„Заканата на радикалниот исламски тероризам е вистинска. ИСИС продолжува, ние се бориме против нив во многу делови од земјата. Нашата посветеност кон спречувањето на ИСИС останува. Ќе го продолжиме тоа. Ќе го сториме тоа, на некој начин, на одредено место, во Сирија“, изјави Помпео.


Иако потврди дека процесот на повлекување останува, сепак Помпео нагласи дека САД ќе продолжат да вршат воздушни напади на Блискиот исток.

„Нашите воздушни напади ќе продолжат кога ќе имаме мети“, изјави Помпео и додаде дека Вашингтон ќе остане стабилен партнер на земјите од Блискиот исток.

Американските медиуми во декември минатата година известија дека Трамп испратил наредба до Пентагон да развие план за повлекување на околу половина од 14-те илјади американски војници во Авганистан, а исто така имаше најава и за повлекување на 2 илјади војници од Сирија.


Според податоците на американските власти, повлекувањето на американските сили од овие земји на Блискиот исток би можело да трае од 60 до 100 дена.

Сепак, треба да се истакне дека бројни американски политичари ја критикуваа одлуката на Доналд Трамп да се повлече од Сирија, а тој потег резултираше со две оставки – од своите функции се повлекоа американскиот министер за одбрана Џим Матис и специјалниот претставник на американскиот претседател за американската коалиција во Сирија – Бред МекГурк.



Спонзорирани линкови

Маркетинг