Дојде пресудата! Поранешниот адвокат на Трамп осуден на три години затвор

Точка

12/12/2018

20:48

2.083

Големина на фонт

а а а

Мајкл Коен, поранешен адвокат на претседателот на САД, Доналд Трамп, денес бил осуден на три години затвор, а во текот на судењето му порачал на судијата дека "живеел во личен и ментален затвор кога работел за Трамп".

Федералниот судија Вилијам Х. Поли Трети донел одлука на основа на неколку ставки по кои му било судено на Коен, меѓу кои и лажење пред Конгресот околу потенцијалната соработка на Трамп со Русија, но и подмитување на жени да не се огласуваат во текот на кампањата за американските избори во 2016-та година, кои имале афери со претседателот на САД. 

Сослушувањето почнало во околу 11 часот по њујоршко време, а на Коен му дало можност да се огласи по повод обвиненијата за кои се изјаснил како виновен, но и потенцијално да понуди нови детали за направените прекршоци. Инаку, на Коен во судницата друштво му правеле неговата сопруга, ќерка и син, пишува "The Washington Post".

Судијата го осудил Коен на три години затвор поради илегални исплати со кои се крши законот за финансирање на кампања и на уште два месеци затвор поради давање на лажни изјави во Конгресот, пренесува "Reuters".

Коен во ноември се изјаснил како виновен за давање на лажни изјави во врска со федералната истрага за улогата на Русија во американските избори во 2016-та година. Тој во август се изјаснил како виновен за финансиски прекршоци, затајување на данок и банкарски измами.

Американските сојузни обвинители претходно побарале од судијата да го осуди Коен, на "значајна затворска казна", бидејќи, како што тврделе, во име на Трамп дал мито на една порно актерка и избегнувал плаќање на данок.




Спонзорирани линкови

Маркетинг