Вака се доаѓа на црвен тепих: Глумицата блесна во розов фустан и го украде целото внимание

Кармин

06/12/2018

15:33

2.257

Големина на фонт

а а а

52 годишната глумица е една од најпрепознатливите дами во Холивуд. На свечената гала вечер која беше организирана од Пирели календарот во Милано се појави и Хали Бери.

Американската глумица го украде целото внимание поради својот беспрекорен изглед и стајлинг. Странските медиуми пишуваат дека ова сигурно е едно од нејзините најдобри изданија со оглед на тоа дека бебешко розовата боја ѝ прилега беспрекорно. 


Иако овој фустан имал и длабоко деколте и шлиц кој ѝ ги открил нозете, Хали и понатаму ја зачува пристојноста и умереноста.


Фустанот е дел од норвешкиот дизајнер Кристијан Адневик и не можете да го пронајдете во бутиците.

Целата комбинација го заокружи со бебешко розови салонки, а од накит носела само сребрени алки.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk