Ова се хороскопските знаци кои најмалку се расположени за брак

Кармин

06/12/2018

09:46

1.811

Големина на фонт

а а а

Некои луѓе, својата венчавка ја сонуваат од раното детство, а други пак, помислата на брак им е ноќна мора.

Овие хороскопски знаци не се претерано расположени за запловување во брачните води.

Стрелец

Стрелците ја сакаат слободата и не поднесуваат луѓе на кои им е потребно многу внимание и љубов, па едноставно не се претерано заинтересирани за работи кои подразбираат дека нешто треба да трае засекогаш.


Водолија

Овој знак сака да прави необични работи и ја цени својата самостојност. Бракот е прилично вообичаена работа, која подразбира и одредена количина на заедништво, што на Водолиите едноставно не им е привлечно.

Лав

Не се работи за тоа дека Лавот не сака да се скраси, туку за тоа дека го сака најдоброто за себе, а секогаш мисли дека може да има нешто подобро од тоа што моментално го има. Затоа, Лавовите најчесто се во потрага по нешто подобро, дури и кога покрај себе веќе имаат нешто добро.


Бик

Тврдоглавите Бикови не сакаат да го слушнат зборот компромис, а токму тоа е една од најважните работи во бракот. Биковите се сосема задоволни и сами, па бракот не им делува како нешто без кое не можат. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk