Џиџи Хадид повторно изненадува: Остварила соработка со „Rebook“ и веќе е познат датумот на објавување на нејзината колекција

Кармин

21/11/2018

11:10

1.693

Големина на фонт

а а а

Еден од најпопуларните модели на светот, изгледа дека наскоро ќе покрене нов сопствен бренд. Како поинаку да ја објасниме љубовта на Џиџи Хадид кон дизајнирањето и соработката?

Креирала четири колекции за брендот „Tommy Hilfiger“, кои доживеале голем успех, потоа дизајнерски накит за „Messika“, но по сè изгледа дека нема тука да застане. 


Таа на Инстаграм најавила објавување на заедничката колекција со брендот „Reebok“.

Џиџи веќе неколку години беше заштитно лице на спортскиот бренд, но никој не очекувал лансирање на заедничка линија со „Reebok“.

Според Џиџи, линијата е инспирирана од историјата на брендот, и употребени се класични силуети од 80-те и 90-те, како основа.

Колекцијата е наречена „Future Nostalgia“, а првите парчиња, патики и маици, ќе ги видиме на 7-ми декември. Љубителите на брендот и моделите, ќе ја видат целата колекција во период јануари-февруари 2019-та година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk