Модни класици кои повторно ги носиме!

Кармин

19/11/2018

09:52

2.013

Големина на фонт

а а а

Класичните парчиња облека се секогаш подобар избор за инвестирање во споредба со тренди парчињата, кои секоја сезона се менуваат.

Едноставните, класичните парчиња ни нудат можност за комбинација и вклопување во секој актуелен тренд, затоа некои од нив имаат безвременски статус.

1. Бела кошула


Веројатно секоја жена има барем една бела кошула во својот гардеробер. Ова парче подеднакво добро изгледа и во комбинација со патики и фармерки, како и со елегантни пантолони и чевли со висока потпетица.

2. Црна ролка


Рамо до рамо со белата кошула, црната ролка подеднакво добро може да го надополни секој аутфит. Ова парче ќе ви даде доза елеганција во секој момент.

3. Фустан на преклоп


Овој модел на фустан, совршено ѝ прилега на секоја фигура, а оваа сезона посебно се популарни оние кои не се прилепени до телото, со животински принт. Овој фустан е решение за секоја дилема, бидејќи е прикладен избор за секоја прилика.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk