Бизарно обвинување на Твитер корисниците за модна грешка на Меган Маркл

Кармин

13/11/2018

14:46

2.371

Големина на фонт

а а а

После „гафот“ со етикетата на тоалетата, фановите на кралското семејство овојпат на војвотката од Сасекс ѝ замериле за изборот на хулахопки.

Ниту еден аутфит кој го носи Меган Маркл, не проаѓа незабележан.

Имено, Меган на еден неодамна одржан свечен настан, облекла хулахопки во кожа боја, кои не биле во целост матирани, туку имале сјај.


Иако нозете ѝ се гледале само од колената надолу, тоа не ги спречило критичарите од социјалните мрежи да се огласат.

Некои дури се запрашале зошто Меган воопшто носи хулахопки, не размислувајќи за фактот дека е ноември и дека веќе не е време за покажување голи нозе.

##https://twitter.com/MeadhbhMcGrath/status/1061364513914675200##

Оваа бизарна мала грешка е доказ дека на членовите на кралското семејство, особено на Меган Маркл, не им е дозволено ништо освен совршеност. 

##https://twitter.com/BiancaLee_J/status/1061388241499230208##


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk