Евакуација на истокот на Америка како пред Судниот ден: Нема бензин, продавниците опустошени, километарски колони! Повеќе од милион луѓе бегаат пред ураганот Флоренс

Точка

12/09/2018

19:09

3.606

Големина на фонт

а а а

Жителите на крајбрежните делови на Северна и Јужна Каролина, додека бегаат пред ударот на Флоренс, најсилен во последните неколку децении, се соочуваат со недостиг на гориво на бензинските станици и празни рафтови во продавниците.

Националниот центар за урагани соопштил дека олујата, проследена со ветрови од 215 километри на час, веројатно до петок ќе го погоди јужниот брег на Северна Каролина. 

Според прогнозите, олујата ќе биде проследена од повеќедневни обилни врнежи од дожд, кои би можеле да предизвикаат и големи поплави од Јужна Каролина до Вирџинија.

Властите наложиле евакуација на повеќе од милион луѓе ширум брегот на три сојузни држави, додека универзитетите, училиштата и фабриките се затворени. Службениците на Федералните агенции за вонредни ситуации предупредиле дека жителите со недели би можеле да останат без електрична енергија.

Вчера биле забележани долги колони на возила кон внатрешноста, додека гувернерот на Северна Каролина ги убедувал луѓето да се евакуираат.

Големиот урагански бран се приближува до американките држави Северна и Јужна Каролина и Вирџинија и би можел да предизвика катастрофално време до Пенсилванија и Охајо.

Вонредна состојба е прогласена во Вирџинија, Северна Каролина, Јужна Каролина и Мериленд. Војската соопштила дека Националната гарда на Јужна Каролина мобилизирала околу 1.600 војници и воздухопловци да се подготват за ураганот Флоренс.




Спонзорирани линкови

Маркетинг