Леброн заработува 162 долари по секунда, но, тој е на четвртата позиција: Ова се првите тројца по заработка во секунда

Дерби

12/09/2018

17:21

1.506

Големина на фонт

а а а

Медиумската куќа „ЕСПН“ секогаш ги има веродостојните информации за НБА лигата, а овој пат направи пресметка за платата која ќе ја заработува Џејмс во Лејкерс, а во својата вест наведува дека неговиот четиригодишен договор со „езерџиите“ е прогресивен, а тоа значи дека во првата сезона ќе заработува 38 милиони долари, а во последната која е опционална, 41 милион долари.

„ЕСПН“ ја направи оваа студија за да им долови на обичните луѓе за каква фасцинантна сума станува збор, така што ја подели комплетната на заработка според натпревар, четвртина, минута и секунда. За еден одигран меч во жолтиот дрес на Лејкерс, Леброн инкасира 467 илјади долари, за една четвртина 117 илјади долари, за една минута 9.700, а за една секунда 162 долари.

Меѓутоа сепак еден играч е број 1 според заработката по секунда, а тоа е лутиот ривал на Џејмс, кошаркарот на Оклахома Тандерс, Расел Вестбрук кој заработува 173 долари по секунда. Веднаш после него е Стеф Кари со 170 долари и Крис Пол со 169 долари. Џејмс за неверување е дури на четвртата позиција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг