Објавен е морничавиот дневник на жената која што ги уби своите четири деца...

Точка

18/08/2018

17:33

4.553

Големина на фонт

а а а

Австралијката Кејтлин Фолбиг пред 15 години беше прогласена за виновна за убиството на двете свои ќерки и двајцата синови со давење во периодот од 1989-та до 1999-та година.

Додека осудената мајка отвори постапка со која што се бара да биде пуштена од слобода, во јавноста се појавија делови од нејзиниот дневник.

Кејтлин Фолбиг од Нов Јужен Велс беше прогласена за виновна во 2003-та година, откако ги задавила своите двајца синови и двете ќерки во периодот од 1989-та до 1999-та година. Таа моментално отлужува 40-годишна затворска казна со 30-годишна забрана за пуштање на слобода порано од предвиденото.

Деновиве беа објавени исечоци од нејзиниот денвник кои што даваат увид во нејзината психа. Таа меѓу другото во својот дневник напишала: „Знам дека брзо пламнувам и понекогаш сум груба кон неа. Таа си замина, со мала помош“. Понатаму, таа пишува: „Се што сакав беше да замолчи и еден ден таа и го стори тоа“.

„Се чувствувам како најлошата мајка на светот. Се плашам дека сега ќе ме напуштат и другите како Сара“, пишува Кејтлин Фолбиг во нејзиниот дневник.


Фолбиг тврдела дека нејзините деца починале од „природни причини“, но беше прогласена за виновна за убиството на Патрик во 1991-ва година кога имал само седум месеци , Сара во 1993-та година на 10-месечна возраст, ќерката Лаура која во 1999-та година имала 18 месеци и својот 19 дена стар син Кејлеб во 1989-та година. 

Сега, откако ги искористила сите свои права на жалби, се надева дека ќе вроди со плод петицијата која што ја состави правниот тим од Њукасл, а во која се повикува властите да го преиспитаат нејзиниот случај, со тврдење дека е обвинета со лажни докази.

„Ние не сакаме да ја пуштат од затвор. Само сакаме да има истрага во која ќе бидат прегледани сите докази и да се разоткрие дали во овој случај имало неправедно судење“, изјави адвокатката Изабел Рид.



Спонзорирани линкови

Маркетинг