Светот е повторно во студена војна! Шокантна изјава на експерт на ЦИА: Тие го прават тоа тивко и одвај забележливо

Точка

21/07/2018

15:17

7.522

Големина на фонт

а а а

Кина води "тивок вид на студена војна" против САД, користејќи ги своите ресурси во обид да ја заменат Америка на местото водечка сила во светот, вели главниот експерт на ЦИА за Азија.

"Би рекол...дека тоа што тие го прават против нас во суштина е студена војна - не таква како што беше водена меѓу Америка и СССР, туку студена војна по дефиниција", рекол Мајкл Колинс, заменик помошник на директорот на центарот на мисијата на ЦИА во источна Азија, на безбедносниот форум во Аспен во Колорадо.

Пекинг, објаснува американскиот експерт, не сака да влезе во војна, но сегашната комунистичка влада под претседателот Кси Џинпинг "одвај забележително" работи на повеќе фронтови за да ги потисне САД на различни начини отколку тоа што на "цел глас го прави Русија".

Растечките тензии на релација САД-Кина ги надминиле рамките на трговската војна поради мерките и противмерките меѓу двете земји на полето на царините, наведува американската агенција.

Постои загриженост поради обидите Кина да дојде до деловни тајни и детали за високотехнолошки истражувања кои се спроведуваат во САД, а покрај тоа, кинеската војска се шири и модернизира, додека САД и другите земји се жалат дека Кина гради воени центри на островите во Јужното кинеско море.

"Тоа е некој вид Крим на истокот", заклучил Колинс, споредувајќи ја ситуацијата поврзана со Јужното кинеско море, со присоединувањето на Крим кон Русија, кое Западот веќе го осудил.

Инаку, американските предупредувања на растечкото влијание на Кина доаѓаат во момент кога на Вашингтон му е потребна помош од Пекинг за ставање крај на тензичната нуклеарна ситуација со Северна Кореја, нагласува американската агенција.




Спонзорирани линкови

Маркетинг