Семејството Бекам одлучи да купи стан во Црна Гора, а цената за нив е ситница!

Точка

20/07/2018

16:25

6.427

Големина на фонт

а а а

Еден од најпознатите парови во светот, Викторија и Дејвид Бекам пред неколку дена стигнаа во Црна Гора, каде што фамилијарно уживаат во летувањето во еден уксузен апартман на Св.Стефан. Меѓутоа, изгледа дека Црна Гора им се допаднала повеќе од што очекувале.

Како што се зборува, на семејството Бекам му се допаднале недвижнините во Будва, и тоа во еден луксузен комплекс, а најмногу им се допаднал апартман од 200 квадрати, што се наоѓа на последниот спрат.  

Kisses from us all x Happy Summer! VB x ?

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) on

„Семејството е на Св.Стефан, но ја посетија и Будва, па се распрашуваа за инвестиција во луксузен комплекс што има и спа центар“, рече изворот и додаде дека Црна Гора толку му се допаѓа на семејството Бекам, бидејќи никој не ги застанува на улица.

19 years!!! X I love u so much x

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) on

Ако ги погледнете цените на овие станови на интернет, може да заклучите дека семејството за оваа инвестивија треба да потроши пола милион евра, а можеби и повеќе. Но, со оглед на тоа дека имаат вила во Кенсингтон, луксузни викендици на француската ривиера и во близина на Мадрид, имаат и куќа во Лос Анџелес, тоа за нив сигурно не претставува проблем. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг