Кристина Агилера го покажала новиот пирсинг, но погледите биле вперени кон нејзиното ненашминкано лице

Кармин

20/04/2018

10:13

3.521

Големина на фонт

а а а

Пејачката ретко ја гледаме без шминка, но по 20 години таа одлучила да го покаже својот природен изглед.

37-годишната Кристина Агилера пред помалку од еден месец ја освои насловната страница на списанието “Paper” и ја воодушеви јавноста без грам шминка на нејзиното лице. 

Се чини дека бројните комплименти кои ги добила на сметка на својата природна убавина ѝ ја подигнале самодовербата, бидејќи пејачката на својот Инстаграм профил споделила низа нови фотографии на кои исто така не носи шминка.


Иако сакала да се пофали со новиот пирсинг, целото внимание го украле нејзините пеги и исклучително младешкиот изглед без брчки.


Но, за жал ваквите фотографии се само исклучок бидејќи како што изјавила Кристина во интервјуто за “Paper”, таа е “девојка која сака театралност и нашминкано лице”.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk