Сè му простила: Старлетата го избрала името за својата ќерка како предупредување

Кармин

18/04/2018

10:51

4.031

Големина на фонт

а а а

Неколку дена по скандалозните фотографии од Тристан Томпсон на кого му роди ќерка, и тоа предвреме поради претрпениот стрес, Клои Кардашијан избрала име за својата наследничка.

За моментот во кој е родено девојчето, изборот на име е вистински погодок – Тру (True - Вистина). 

По Норт, Сејнт, Чикаго, Дрим и Сторми, на кланот Кардашијан му се приклучи и Тру.

“Нашето девојче, Тру Томпсон нѝ го украде срцето и потполно сме преплавени со љубов. Голем благослов е да се добие ваков ангел. Мама и тато те сакаат!”, напишала Клои на својот Инстаграм профил, која со последната објава недвосмислено испратила порака дека му простила на својот партнер.

Многу обожаватели веднаш го забележале интересниот избор на името со оглед на прељубничкиот скандал на Тристан.

Имено, Клои поради неговото неверство добила предвремени контракции, а многумина коментирале дека Тру е многу иронично име со оглед на тоа што Тру значи искрен и верен – сè што НБА кошаркарот не бил кон Клои.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk