Царството на поларните мечки, местото каде сонцето не изгрева со месеци

Точка

01/03/2018

20:28

11.372

Големина на фонт

а а а

Архипелагот Свалбард со години фасцинира многу патници, поради богатата дивина, арктичка природа и старите минијатурни градови кои што се наоѓаат околу островите со остра и морничава убавина. Како би се чувствувале доколку го поминете Божиќ на малку поразличен начин на 78 степени на Северот во Лонгирбиен, главниот град на архипелагот и најсеверната населба во светот?

Островите Свалбард се лоцирани во Арктичкиот Океан, помеѓу Норвешка и Северниот Пол. Тука ќе наидете на недопрена арктичка дивина и уникатни диви животни во кревка околина.


Оваа мала населба од речиси 2000 луѓе е уникатна поради многу работи. Таа е дом на најсеверното училиште, Универзитет, супермаркет, машки хор и многу повеќе. Од октомври па сè до февруари сонцето не изгрева, а 24 часовните ноќи се совршени за да се набљудуваат северните светла или аурора бореалис. 


Како додаток на неколку стотици поларни мечки, островите се дом на речиси 3.000 жители, а околу 2.000 од кои живеат во Лонгирбиен, кој е административен центар и најголемата населба од сите острови. Оваа мала и живописна заедница се претворила од типично село до модерна заедница со неколку видови на бизниси и индустрии и со изненадувачки широк опсег на културни активности и можности, како концерти, претстави, фестивали и изложби.


Арктичката храна се служи на многу места за јадење и пиење со навистина високи стандарди за разлика од она што сте го очекувале од една помала заедница. Таму се наоѓа и најсеверниот суши ресторан на светот. Свалбард исто така има локална пивница.


Свалбард во превод значи студени брегови и за прв пат беше споменет во текстовите на Исланд во 12 век. Како и да е, архипелагот има релативно средна клима во споредба со други региони кои се наоѓаат на истата алтитуда. Температурата во Лонгирбиен се движи од -14 стпени Целзиусови во зима до 6 степени Целзиусови во лето.