Новиот SUV на Škoda – од сите агли

Точка

19/10/2017

00:01

2.646

Големина на фонт

а а а

Škoda во потрага по добри промотивни фотографии од моделот Karoq ја пропатува цела Европа – од Стокхолм на северот, до Сицилија на југот на континентот.

А резултатите од нивната потрага обврзно треба да ги погледнете во нашата Галерија.

Моделот Škoda Karoq и' беше претставен на јавноста во месец мај, како модел којшто ќе го наследи досегашниот SUV Yeti.


Со димензии 4.382/1.841/1.605 милиметри и меѓуосовинско растојание од 2.638 милиметри, што е за 6 сантиметри повеќе отколку кај моделот Yeti, Karoq располага со багажен простор со волумен од 521 литар во својата основна конфигурација, со исправени потпирачи на задните седишта.

А кога задните седишта ќе се спуштат, се добива корисен простор за превоз на предмети од 1.630 литри. Задната клупа може и во потполност да се отстрани, и така се достапни дури 1.810 литри. Купувачите имаат можност да бираат помеѓу 4 димензии на фелните, со дијаметар од 16 до 19 инчи.


Моторизацијата засега се состои од пет погонски единици. Основниот бензинец е 1.0-литарски TSI со 115 коњски сили и 175 Nm вртлив момент, а во понудата е и помоќниот 1.5 TSI агрегат со 150 КС и 250 Nm. Оние коишто ги преферираат дизел агрегатите, може да бираат помеѓу три опции. Најслабиот дизел агрегат е 1.6 TDI со 115 КС и 250 Nm вртлив момент, а на располагање се и две верзии од 2.0 TDI агрегатот, со 150 КС и 300 Nm, како и со 190 КС и 400 Nm.

Поголемиот дел од понудените мотори може да се нарачаат или со шестбрзински мануелен менувач или со седумстепен DSG менувач со двојно квачило. Исклучок е најмоќната дизел верзија којашто стандардно се испорачува со DSG менувач и погон на сите четири тркала.


Основните верзии на Škoda Karoq се достапни исклучиво со преден погон, додека поскапите верзии имаат 4x4 погон.

За повеќе фотографии од моделот Karoq клик тука.