Компанијата "Веропулос" викендов во Тетово го отвора својот единаести Веро маркет во земјава, како и третата продавница Џамбо. Вкупната инвестиција во двата нови објекти кои се наоѓаат на иста локација изнесува повеќе од 2 милиона евра, а во нив ќе работат околу 100 лица од локалното население.
Со тоа вкупната бројка на вработени во компанијата Веропулос во земјава ќе се искачи на повеќе од 1.000 лица. Новиот Веро маркет и продавницата Џамбо во Тетово располагаат со продажен простор од 2.600 метри квадратни на едно ниво, а пред објектот има сопствен голем паркинг наменет за потрошувачите.
Следејќи ја компаниската стратегија за оддршка на локалните производители од целата земјава, новиот маркет во Тетово ќе нуди широка палета на производи од многубројни македонски брендови со кои компанијата „Веропулос“ интензивно соработува изминативе години. Со тоа компанијата го поттикнува домашното производство и му го обезбедува неопходниот стимул за развој. Истовремено, на своите потрошувачи Веро им нуди и специфични и ексклузивни производи од увоз кои може да се најдат само во маркетите на оваа компанија. Освен најголем избор на производи и услуга со врвен квалитет, Веро на своите потрошувачи и понатаму ќе им нуди нови понуди и акции специјално дизајнирани според нивните желби и потреби.
Од менаџментот на Веро истакнуваат дека приказната која почна пред 20 години со отворањето на првиот супермаркет во скопската општина Аеродром, денес е заокружена со моќен и познат бренд кој континуирано остварува пораст и бележи позитивни финансиски резултати.
"Нашата компанија расте и се развива нудејќи највисок квалитет и работејќи по европски стандарди со постојана поддршка за локалните, домашни производители со кои изградивме партнерски однос. Создадовме моќен и професионален тим на вработени кои се насочени кон најважниот сегмент во работењето, а тоа е следењето на потребите на потрошувачите и прилгодување на понудата на нивните желби. Но, не планираме да застанеме тука. Имаме планови за интензивна експанзија, при што планираме до крајот на 2017 година да отвориме три или четири нови Веро маркети. Посветено работиме за да ги оствариме зацртаните цели, а резултатот е илјадници задоволни купувачи дневно во нашите Веро маркети" – изјави Лукас Бисиас, генерален менаџер на Веро маркети.
Со отворањето на новиот маркет во Тетово, компанијата Веропулос има вкупно 11 маркети во три градови во земјава. Од нив, 7 маркети се лоцирани во Скопје и по два маркета се во Битола и Тетово. Компанијата "Веропулос" во земјава е сопственик и на еден трговски центар во Скопје, како и на франшизата за продавницата за играчки "Џамбо" и за ресторанот за брза храна "Гудис". Освен во Македонија, компанијата е присутна и на пазарот во Србија, каде што има 6 големи Веро маркети и 2 продавници Џамбо.