Како Меланија го „вразуми“ Трамп: „Разговараше со Путин? Штотуку бомбардираше уште еден град во Украина“

Точка

15/07/2025

21:15

1.821

Големина на фонт

а а а

Доналд Трамп во понеделникот открил дека личноста која му го сменила мислењето за Владимир Путин е неговата сопруга, Меланија Трамп.

Во текот на разговорот во Овалниот кабинет со генералниот секретар на НАТО Марк Руте, поранешниот претседател на САД изјавил дека токму Меланија често му укажува на лицемерието на рускиот лидер кога станува збор за војната во Украина.

Предупредувањата на Меланија: „Рече дека сте разговарале, а тој бомбардира“

„Разговорите со него секогаш се пријатни. Велам: Зарем тоа не беше убав разговор? Се враќам дома и ѝ велам на првата дама... Денеска разговарав со Владимир, имавме прекрасен разговор. А, таа ми вели: Навистина? Штотуку бомбардираше уште еден град“, изјавил Трамп.


„Не сакам да кажам дека тој (Путин) е убиец, но навистина е тврдо момче“, додал Трамп.

Иако Меланија ретко се појавува во јавноста во текот на вториот претседателски мандат на Трамп, таа и натаму е негова поддршка и некој чие мислење тој многу го цени. Поголем дел од времето го поминува во Њујорк каде нивниот син Барон оди во Њујоршкиот Универзитет.

Трамп лут на Путин: „Мислев дека ќе постигнеме договор“

Во разговор со новинарите на „BBC“ Трамп изјавил дека е „разочаран“ од Путин и дека очекувал постигнување на мировен договор пред два месеци.

Исто така тој најавил воведување тарифа од 100 отсто за Русија доколку не дојде до прекин на огнот во наредните 50 дена.

„Многу сме незадоволни од Русија и ќе воведеме многу строги царини доколку не постигнеме договор“, порачал Трамп.

На прашањето дали му верува на Путин, Трамп после кратка пауза одговорил: „Искрено, скоро никому не верувам“.


Американско оружје за Украина – но, на европска сметка

Во текот на состанокот со Руте, Трамп потврдил дека САД ќе испрати софистицирано оружје во Украина, вклучувајќи и „Патриот“ ракети, но со јасна порака – САД нема да го плаќа тоа оружје.

„Европа ќе го плати. Ние ќе го произведеме, но нема да платиме ни долар“, изјавил Трамп.

Сенаторот Линдзи Грејем, близок сојузник на Трамп, го поддржал овој потег и додал дека во наредните денови оружјето ќе тече во рекордни количини кон Украина.

Демократскиот сенатор Ричард Блументал и Грејем предложуваат и нов закон за секундарните санкции кон Русија, целејќи кон земјите кои ја поддржуваат воената машинерија на Путин, како Кина, Индија и Бразил.