Огласот за прием на 150 нови полициски службеници е во тек

Макфакс

16/07/2025

09:54

492

Големина на фонт

а а а

Министерството за внатрешни работи распишува конкурс за прием на 150 униформирани полициски службеници.

„Да се биде полицаец е повик а не обична професија. Затоа придружи не се, прифати го својот повик, биди полицаец. Ако се одлучиш да го следиш својот повик, да го прифатиш предизвикот, те очекува едногодишен интензивен процес на образование, тренинг и обука“, велат од МВР.

Обуката се одвива во Центарот за обука на министерството за внатрешни работи.