Како да ја одберете идеалната четка за течна пудра?

Точка

24/04/2017

18:01

3.192

Големина на фонт

а а а

Многу жени имаат навика да ја нанесуваат течната пудра со прсти. Доколку сте навикнати и Вие на ваквото нанесување, тогаш е време за промени! Постојат многу причини зошто четката за пудра е подобро оружје за постигнување на совршениот тен.

Кога нанесувате пудра со своите прсти, многу пори на Вашето лице остануваат непокриени, а со тоа тенот изгледа нерамномерен. Поради своите густо распоредени влакненца, мејкап четките совршено ја измазнуваат секоја пора, што овозможува задржување на течната пудра на кожата во текот на целиот ден. 

Текстура на четката

При изборот на четка за течна пудра, важно е да внимавате на густината на влакненцата. Другата работа околу која треба да водите сметка е четката да е доволно цврста, со цел да одбегнете превиткување и кршење на влакненцата во текот на нанесувањето.

Природното е секогаш подобро

Четките од природни влакна секогаш имаат една предност повеќе, а тоа е – издржливоста. Исто така, тие не се кршливи, лесно се одржуваат и што е најважно, сите влакненца остануваат на четката, а не на Вашето лице.

Кога ќе ја одберете вистинската четка, бидете уверени дека таа ќе се претвори во Вашата десна рака, кога станува збор за магијата на шминката.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk