Nike воодушевува со новата колекција на пастелни патики

Точка

13/03/2017

09:14

7.722

Големина на фонт

а а а

Оваа пролет е посветена на патиките во пастелни бои – така одлучија водечките спортски брендови.

По пастелните модели на пролетни патики кои ги претставија брендовите Puma, Fila и adidas, пристигнуваат новите, неодоливи модели на најпознатиот спортски бренд Nike.


Брендот, неодамна ги претстави кадифените патики Nike Cortez кои се моментално најбарани и најчесто видени, што се однесува до уличната мода. Меѓутоа, моделот кој ги освои трендсетерите ширум светот е Air Force 1, кој оваа сезона доаѓа во пастелни тонови.



Ретро моделот Air Force 1 e достапен во нежна пастелно розова боја, бебешко сина боја, ментол зелена и песок боја.


Релативно крупниот модел на патики останува ист – она што е ново се материјалите и боите на овие патики. Можни се три варијанти на висината: ниски, средни и високи Air Force 1. Што се однесува до материјалот, тие најчесто се изработуваат од сјајна или брусена кожа.


Air Force 1 се одлични во комбинација со винтиџ фармерки, класични маички и памучни џемпери. Во овој момент, тие се еден од најтоплите трендови на сезоната.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk