Идиличниот залив на Тајланд ќе стави забрана за пристап на туристите

Точка

14/02/2018

15:54

1.403

Големина на фонт

а а а

Заливот Маја на Тајланд, каде што беше снимен филмот "Плажа" од Дени Бојл, ќе биде затворен за туристите во период од најмалку три месеци поради оштетувањето на гребенот кој всушност беше причината за масовен туризам. Поради популарноста на филмот, во заливот Маја на островот Фи Фи започнаа да доаѓаат масивни тури со туристи, чие присуство почнало да го загрозува овој недопрен природен рај.

Најмалку 5.000 туристи од одмаралиштата во Пукет секој ден го посетуваат овој "скапоцен камен", па локалните вести одлучиле да преземат драстични мерки за да ги зачуваат коралите. 


"Ограничувањето на бројот на посетители можеби ќе може да помогне, но најдобро решение е доколку целосно се забрани посета на овој залив, која за жал не може да се оствари, бидејќи ние се ослонуваме на туризмот", вели морскиот еколог на Универзитетот Касетсарт во Бангког.


Според истражувањата, уништени се 72 % од тајландските корални гребени, односно 30 % само во последните денови.

Причини за тоа се загадувањето од страна на хотелите кои се наоѓаат во близина, фрлање на пластични отпадоци како и физичкото оштетување кое го нанесуваат бродовите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг