Најстрасниот знак во зодијакот: На оваа жена сите ѝ се восхитуваат, но многумина и се плашат од неа

Точка

17/01/2018

14:02

3.147

Големина на фонт

а а а

Таа на прв поглед делува опасно и строго, но кога подобро ќе ја запознаете, ќе сфатите дека таа е жена која вреди да ја имате покрај себе – таа е жена Шкорпија.

Шкорпијата е многу лојална и стабилна. Верноста ѝ е многу важна во животот и тоа е една од карактеристиките кои таа најмногу ги цени кај другите луѓе. На Шкорпијата можете да ѝ верувате – таа никогаш не дава лажни ветувања. 


Жените Шкорпии се независни личности кои ја сакаат својата слобода. Таа го прави она што мисли дека е исправно и не е склона кон слепото слушање на другите.

Шкорпијата точно знае што сака во животот – таа е многу амбициозна, а кога ќе постави некоја цел, не се откажува од тоа. Мудро донесува одлуки и свесна е за својата способност.


Дамите кои се родени во овој знак одлично забележуваат детали и знаат како да ги поврзат работите. Тие добро ги проценуваат луѓето и ситуациите, па затоа нема поента да ја лажете. Може да се рече дека Шкорпиите имаат огромна интуитивна способност.

Жената Шкорпија е преполна со страст за сè што прави, а кога вистински е заљубена во некого, таа ќе направи сè за таа личност да биде среќна.

Шкорпијата знае да биде незгодна, но доколку не ја изневерите или повредите, нема никогаш да ја запознаете нејзината темна страна. Од друга страна, ако си играте со оган, таа од вашиот живот ќе направи вистински пекол - затоа и многумина се плашат од неа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk