Дневна шминка: Пет правила за совршен деловен изглед

Точка

11/08/2017

16:09

1.189

Големина на фонт

а а а

Доколку имате само неколку минути за средување пред да излезете од дома, паметно искористете го Вашето време, следејќи ги следните пет правила за нежен, деловен изглед.

Избегнувајте црна сенка за очи и светки 

Шминката треба да ги истакне Вашите предности, но понекогаш и мала количина на шминка е премногу. Затоа избегнувајте smokey eye и бои како црна, темносина и светки кои привлекуваат внимание.

Туш за очи

Доколку сакате туш за очи, но не сакате да изгледа пренападно, постои решение – истакнете ги трепките! Повлечете тенка линија на врвот од горниот капак и нанесете неколку слоја на маскара.

Smokey eye

Дневната шминка не значи да заборавите на исенчаните очи, туку одлучете се за светли нијанси како сива или нежно кафеава, која ќе го направат Вашиот изглед деловен. Темната боја нанесете ја што поблиску до трепките, а потоа додадете ги и светлите нијанси.

Едноставното е најдобро

Нанесете мала количина на беж сенка за очи на горните капаци, а потоа повлечете линија со моливче за очи во некоја неутрална нијанса. Со тоа ќе ги истакнете очите, а целокупниот мејкап заокружете го со маскара.

Најважно е да се чувствувате удобно

Никогаш немојте да користите шминка со која нема да се чувствувате удобно бидејќи шминката постои за да се чувствувате самоуверено.


Спонозорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk