“Wonder Woman” покажа како изгледа после непроспиена ноќ и без трошка шминка – Фановите се изненадени

Точка

19/06/2017

17:14

3.877

Големина на фонт

а а а

Актерката Гал Гадот ја олицетвори Wonder Woman во истоимениот филм и ги освои обожавателите ширум светот, освен со добро завршената работа, и со својата природна убавина.

Дека Гадот е природна убавица ни докажа и на нејзиниот профил на Инстаграм објавувајќи фотка на која е без трошка шминка, а нејзините фанови се воодушевени од нејзиниот изглед.


„Непроспиена ноќ, бебе од три месеци и рано будење кое ми го приреди мојата пегодишна ќерка. Седнав во градината и си понесов кафе за да се разбудам и да фатам малку свеж воздих. Сега гледам цртан филм со мојата ќерка. Секогаш ме воодушевува тоа што наједноставните работи на светот се оние кои не` прават најсреќни“, напишала Гадот во описот на фотографијата која ја направил нејзиниот сопруг.


„Не ми се верува, па ти немаш ниедна мана“, бил само еден од многуте комплименти кои ги добила на сметка на нејзиниот природен изглед.

32 – годишната актерка ни покажа дека освен на големите и мали екрани, и во реалниот живот е многу убава.




Спонозорирани линкови

Маркетинг