Рецепт за здрав сладолед: Со една состојка до четири различни вкусови

Точка

19/05/2017

14:50

1.302

Големина на фонт

а а а

Сите со нетрпение го очекуваме летото, токму поради омилениот летен десерт – сладоледот. Многумина го одбегнуваат ова слатко задоволство поради големиот број на калории и шеќери кои тој ги содржи, но со овој рецепт за здрав сладолед можете да уживате без никакви дополнителни грижи.

Бананата е специфично овошје со посебна текстура и богат вкус, а токму во овој сладок плод лежи тајната на најфиниот и најздравиот кремаст сладолед без глутен и вештачки додатоци. Припремата на сладоледот од банана е многу едноставна – сè што Ви е потребно се две банани. 

Припрема:

1. Излупете ги бананите и исецкајте ги на тркалца.

2. Ставете ги бананите во чинија или во ќесичка и ставете ги во замрзнувач.

3. Оставете ги два часа во замрзнувачот, додека во потполност не се стврднат.

4. Замрзнатите тркалца ставете ги во блендер и миксирајте сè додека не добиете густа, леплива маса.

5. Измиксираните банани ќе добијат структура на сладолед и се спремни за послужување, но доколку сакате да бидат поцврсти, вратете ги во замрзнувач на уште половина до цел час.


Доколку сакате да добиете четири различни вкусови на сладолед, додадете ги следниве состојки во блендерот:

Кикирики – измешајте 3 лажици путер од кикирики и 2 лажички мед.

Нутела – додадете 3 до 4 лажици Нутела.

Јагода – додадете грубо исечкани замрзнати јагоди и 2 лажици слатка павлака.

Чоколадо – додадете 3 лажици какао, 2 лажици слатка павлака и една лажичка екстракт од ванила.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk