ТОЧКА ПОЧЕТНА    СУПЕРМЕН    КАРМИН    
 
МОДА И УБАВИНАФИТНЕС И ДИЕТИЛИБИДОКАРИЕРАДОМ И ДИЗАЈНФАМИЛИЈАКУЈНА И РЕЦЕПТИАСТРО

Тој се ожени за успешна тенисерка, а што сега? Еве како реагирал Бастијан на повлекувањето на Ана од тенисот
30.12.2016 | 16:58
Извор: Кармин
Прочитано: 18476 пати

Фудбалската ѕвезда почека за страстите да се смират, за да им покаже на сите што мисли за одлуката на својата сопруга.

Српската тенисерка Ана Ивановиќ и официјално објави дека ја завршува својата професионална кариера и дека се повлекува од белиот спорт, а сите следствено на тоа, беа во исчекување на реакцијата на нејзиниот сопруг после ваквите вести.

Сега веќе поранешната тенисерка, признала дека ѝ било многу тешко за да донесе една ваква голема одлука, но поддршка се чини дека добила од сите страни.

И иако оваа година за Ана беше полна со турбуленции на професионален план, на приватниот пак ѝ се случија можеби и најубавите нешта коишто може да се случат во животот на една жена.

После долгогодишната врска, Ана ова лето му го изговори своето судбоносно “да” на својот избраник Бастијан Швајнштајгер, на романтична венчавка во Венеција, а со секоја нова фотографија, добиваме впечаток дека парот е посреќен од било кога.


Но, многумина сакаа да ја дознаат реакцијата на сопругот на Ана на веста дека неговата поубава половина се повлекува од терените, но тој очигледно сакал да почека за страстите да се смират, како би се огласил и со свое мислење.

Германскиот фудбалер после еден ден откако Ана ја соопшти оваа вест, преку фотографии на Instagram, ја сумираше годината којашто изминува, присетувајќи се на сите случувања коишто за него ја одбележаа 2016-та година.

И покрај многуте спортски успеси, како најважен момент, секако, тој ја издбоил венчавката со Ана, што кај сите ги разбуди и оние најнежните емоции.

Покрај фотографијата од церемонијата, Бастијан напишал – “Мојот најважен настан за оваа година – нашата венчавка во Венеција ова лето!”.

My personal highlight of the year - our wedding in #Venezia this summer!

A photo posted by Bastian Schweinsteiger (@bastianschweinsteiger) on


Иако и досега тоа беше и повеќе од јасно, не постојат повеќе никакви сомнежи за тоа дека Бастијан е огромна поддршка за Ана во сите животни околности.


КОМЕНТАРИ
НАЈНОВО ОД КАРИЕРА

ПРОФЕСИОНАЛЕН ОДНОС
Неколку работи кои треба да ги знаете пред да си дадете отказ од работното место
Без обѕир на тоа колку си го мразите работното место, никогаш не рушете мостови.
16.02.2017, 17:31


ВЛИЈАТЕЛНИ ДАМИ
Меланија за прв пат во јавност после цели две недели: Зошто сите ја гледале чудно?
Дали е возможно за некогаш обувките да имаат толку големо влијание врз целокупниот изглед?
04.02.2017, 16:20


МОДЕРНИ КУРТИЗАНИ
Луксуз и сјај на сите страни: Instagram проститутките откриваат како живеат!
Нивните Instagram профили се преполни со фотографии направени на егзотични и луксузни локации. Тие носат исклучиво само најскапа гардероба, а пари имаат за повеќе од два живота...
14.01.2017, 18:14


ВЛИЈАТЕЛНИ ДАМИ
Реклама од соништата: Меланија Трамп во Белата куќа го повика Маринко од Бања Лука
Меланија Трамп очигледно не ги заборавила оние коишто ја поддржувале додека била само сопруга на претседателскиот кандидат Доналд Трамп.
12.01.2017, 14:42


КРАЛСКИ СЕМЕЈСТВА
10 строги правила кон кои принцезите мора да се придржуваат: Нивниот живот не е бајка!
Животот во кралскиот дворец е преполн со правила, протоколи и формалности, а принцезите, покрај големиот број на привилегии, од некои нешта сепак мора и да се откажат.
05.01.2017, 15:41


НАЈЧИТАНИ
24чaса7дена30дена

За што служи фиоката под Вашата рерна?
Дали и Вие, како и повеќето жени на светот, ја користите онаа мала фиока под рерната за чување на та...
ЖИВОТНА СТОРИЈА
Фотографија која го расплака светот: Секојдневната борба со ракот на 10-годишниот Дрејк
ВЕЖБИ
Дали најмоќната вежба за стомачни мускули е навистина толку ефикасна?
ЖИВОТНА ПРИКАЗНА
“Бев вдовица и бремена, но потоа повторно се заљубив” – како истата трагедија го спои овој пар?
НЕГА
Масла за лице кои ќе направат чуда за Вашата кожа!

ВИДЕО ВЕСТИ

Дали најмоќната вежба за стомачни мускули е навистина толку ефикасна?
Една девојка се одлучила да ја испроба вежбата во која сите се колнат и да провери дали навистина се...
БЕСПРЕКОРЕН ИЗГЛЕД
Откриени најголемите лаги на beauty блогерките
ЖИВОТНА ТРАНСФОРМАЦИЈА
Момчето ја навредувало поради нејзиниот изглед – сега ја бара назад!

ФОТО ВЕСТИ

Побарале да го напушти базенот за да не ги зарази другите – причината е апсурдна!
Лијан Хантер е девојка која добила псоријаза кога имала само пет години. Низ годините, нејзините дам...
ЖИВОТНА ТРАНСФОРМАЦИЈА
Момчето ја навредувало поради нејзиниот изглед – сега ја бара назад!
СОВЕТИ ЗА УБАВИНА
Тајните на нејзиниот природен изглед: Таа знае како да ја истакне својата убавина

ФЕЈСБУК 'LIKE BOX'

   
 
  НЕ ПРОПУШТАЈТЕ


Поддржано од Tocka.com.mk, во сопственост на Точка Медиа | Маркетинг