Поради филмот којшто моментално е хит во кината ширум светот, оваа песна од 2004 година повторно „оживеа“

Филмот „Anyone but You“ ги врати романтичните комедии „на голема врата“, а судејќи по популарноста на социјалните мрежи тој ја „воскреснал“ и една песна од 2004 година. Станува збор за песната „Unwritten“ од Наташа Бедингфилд која повторно оживеала, па се појавила на листите на најслушани песни ширум светот, а истовремено е и една од најкористените песни за видеа на ТикТок.