Милош Биковиќ за „Ексклузив“: Го доживувам животот на богат начин преку уметноста, од фудбал и бокс се до хирург и пат до вселената како космонаут

По Москва и Белград, најскапиот филм досега “Предизвик“ пристигна и во Скопје заедно со големата актерска ѕвезда - Милош Биковиќ кој одвои специјални минути за интервју во емисијата “Ексклузив“. Тој, покрај големите предизвици кои ги имаше пред создавањето на првиот филм снимен во вселената под режија на големиот Клим Шипенко, откри и како е да се доживее животот на еден богат начин преку уметноста низ различниот спектар на улоги со кои се соочил, од фудбал и бокс преку екстремни возења на автомобили се до хирург и подготвки за летање во вселената.