НБА Топ 10: Адетокумбо покажа зошто е ѕвер, Вилијамс донесе важна победа за Оклахома

Доста натпревари беа одиграни во НБА лигата, односно богатата понуда им зададе „главоболки“ на оние кои ги бираат најдобрите потези на денот. Само 10 мајстории можат да добијат место на Топ листата на која на пиедесталот се Адетокумбо со забивањето против Индијана, но и двоецот на Оклахома Сити Тандер, Дорт и Вилијамс. Првиот покажа одлична игра на двете страни на теренот, додека вториот доенсе важна победа за екипата пред звукот на сирената.