По рецепт на Џејми Оливер: Домашна пица во тавче

Светски познатиот готвач Џејми Оливер во серијалот „Keep Cooking and Carry on“ што го споделува на неговиот „YouTube“ канал предлага рецепти што секој може да ги направи дома. Овој „курс за почетници“ го отвори со основниот рецепт за месење леб, а откако го совладавте тоа, сега предлага да направите домашна пица во тавче.