Златан со нова улога: Ибрахимовиќ во „Астерикс и Обеликс“

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ ќе почека за своето деби во оваа сезона затоа што се уште закрепнува од повредата, но додека трае тој процес Швеѓанецот на социјалните мрежи го објави трејлерот за новиот филм „Астерикс и Обеликс“. Се работи за нов филм со познатите ликови кој носи наслов „Астерикс и Обеликс: Средното кралство“. Во овој филм улога има и Ибрахимовиќ кој го толкува ликот по име Антивирус. Филмот ќе има премиера во 2023 година.