Во овој град Сонцето зајде и нема да изгрее до 2027 година: Еве како живеат луѓето на едно од најнеобичните места на планетата
Додека во остатокот од светот се менуваат денот и ноќта, жителите на еден град на крајниот север на Алјаска се простија од Сонцето сè до следната година. Во Уткијагвик, најсеверниот град во Соединетите Американски Држави, Сонцето последен пат годинава зајде на 18 ноември во 13:42 часот по локално време, а повторно ќе се појави над хоризонтот дури на 23 јануари 2027 година.








