„Добри луѓе“ ги отвора најтешките рани за Кочани: „Го гледав документарецот на Манчевски, сакам да знам дали џандарката што го пипнала девојчето кое барало помош и се тргнала е опфатена во истрагата“
Документарниот филм на Манчевски низ сведоштвата на преживеаните ја враќа публиката во една од најцрните ноќи за Македонија – ноќта кога во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани животите ги загубија 63 млади луѓе.