Мистеријата на „југословенскиот Титаник“ - ни денес не се знае што точно се случило и зошто толку луѓе починале
„Берге Истра“ бил огромен танкер што можел да превезува и нафта и железна руда. Во 1972 година на првата пловидба го пуштила Јованка Броз, сопругата на тогашниот југословенски претседател Јосип Броз Тито. Само четири години подоцна го добил прекарот „југословенски Титаник“ - во трагедијата загинале 30 члена на екипажот, а зад една од најтешките несреќи од тоа време останале многу прашања на кои и денес нема одговор.








