Избран е најубавиот гол на Светското првенство во САД, Мексико и Канада
На 19 јули беше спуштена завесата на 23. Светско фудбалско првенство кое се одржа во три земји Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада. Меѓутоа дури денеска беше избран, официјализиран најубавиот гол на турнирот кој беше посебен поради повеќе причини. Најатрактивниот гол на мундијалот е дело на Сидни Лопес Кабрал, репрезентативецот на Зеленортските Острови кој испорача ремек дело во соочувањето со Аргентина.








